ОН го поздрави договорот меѓу Израел и ОАЕ, Иран го оквалификува како срамен

Од:

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска го поздрави договорот за нормализирање на односите меѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати, додека Иран го оквалификува како „срамен“.

Гутереш поздравува „секоја иницијатива што може да придонесе за унапредување на мирот и безбедноста на Блискиот исток“, изјави портпаролот на ООН откако Израел и Обединетите Арапски Емирати објавија дека постигнале договор.

Историскиот договор ќе овозможи целосна нормализација на дипломатските односи меѓу двете земји, а тој беше постигнат со посредство на Соединетите американски држави и претседателот Доналд Трамп.

Иранската новинска агенција Тасним, блиска до Револуционерната гарда, оцени дека договорот меѓу Израел и ОАЕ за нормализација на односите е „срамен“:

Иранските верски водачи сè уште не се изјаснија за договорот.

Палестинското исламистичко движење Хамас, кое управува со Појасот Газа, оцени дека нормализацијата на односите меѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати „не помага на палестинската борба“ и дека тоа е „бланко чек“ за продолжување на израелската „окупација“.

– Го отфрламе и осудуваме договорот. Тој не помага на палестинската борба и ние го сметаме за продолжение на негирањето на правата на палестинскиот народ, рече портпаролот на Хамас, Хазем Касим.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад