Обединетите Арапски Емирати официјално го прекинаа бојкотот на Израел

Од:

Лидерот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот на Абу Даби, Калифа Бин Зајед Ал Нахјан денеска издаде указ со кој формално се става крај на бојкотот на Израел од страна на таа арапска држава, а овој акт е резултат на договорот за нормализирање и воспоставување дипломатски односи меѓу ОАЕ и Израел.

Според договорот објавен на 13 август, Израел ќе го напушти планот за анексија на окупираните палестински територии на Западниот Брег.

Според државната новинска агенција на ОАЕ, на израелските компании и државјаните на Израел со уредбата им е дозволено да извршуваат деловни активности во Емиратите, а исто така се дозволува и купување стоки произведени во Израел и трговија со нив.

Регулативата е дел од „напорите на ОАЕ насочени кон проширување на дипломатската и трговската соработка со Израел“, се вели во извештајот.

Со овој акт е поништен законот за бојкот на Израел, кој Емиратите го донесоа во 1972 година поради палестинското прашање.

Би можело да ве интересира

Видео од куќата на Нетанјаху објавено по напад со беспилотно летало, не се знае како затаи одбраната

(ВИДЕО) Израелците го нападнаа либанскиот град Тир

Најмалку 16 загинати во нов израелски напад во Газа

Горан Наумовски

Израел потврди: Го убивме новиот лидер на Хезболах

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Израел: Хезболах крие 500 милиони долари во бункер под болница, нема да ја гаѓаме

Катерина Ѓуровски

Два израелски напади на Бејрут, четири лица загинаа во нападот на Набатија