Шеф на авиокомпанија: Малезискиот авион не се урнал во Индискиот океан

Од:

Иако поминаа повеќе од шест месеци од мистериозното исчезнување на малезискиот „Боинг“ на летот МХ370, се уште нема конечен одговор за судбината на 239 лица. Веќе подолг период се пребарува Индискиот океан, за да се пронајдат остатоци од авионот, но без успех.

Врз основа на тоа шефот на авиокомпанијата Тим Кларк изјави дека тој не верува дека исчезнатиот авион воопшто се урнал во океанот и тој смета дека во моментот на исчезнувањето со авионот не управувал автопилот.

-Според моето мослење авионот бил под контола, вројатно до самиот крај- тврди Кларк.

Тој вели дека до сега не откриле ништо што укажува дека авионот се наоѓа таму каде што се претпоставува, поради што бара да се спроведе потранспарентна истрага.

-Во потполност не сум задоволен од истрагата. Треба до најситни детали да дознаеме кој се бил во авионот, а очигледно дека некои тоа го знаат. Исто така мора да знаеме што имало во просторот за товар во авионот -истакна Кларк и додаде дека „Боингот 777“ има една од најнапредни комуникациски платформи, но дека според него тие уреди не би смееле да бидат под контрола на пилотот.

-Неговото исклучување не е едноставно, а нашите пилоти не се тренирани за тоа. Сепак на летот МХ370 овој уред е некако исклучен и тоа до тој степен што од земја не можел да се следи -рече Кларк.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

А1он

Малезија има нов крал

Малезија: Најмалку 10 загинати по авионска несреќа на автопат

Во близина на Малезија се запали танкер, спасени се 25 членови на екипажот, тројца се водат за исчезнати

Горан Наумовски

Феро Инвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

Горан Наумовски