Северна Кореја: Америка подобро да не шири лажни вести

Од:

Северна Кореја денеска соопшти дека никогаш не и доставила на Русија оружје и муниција и нема такви планови, предупредувајќи ги САД да „молчат“ и да престанат да шират гласини кои имаат за цел „да го нарушат имиџот“ на земјата.

Заменик-портпаролот на американскиот Стејт департмент Ведант Пател изјави претходно овој месец дека Русија „е во процес на набавка на милиони ракети и артилериски гранати од Северна Кореја за употреба во Украина“.

Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби подоцна објасни дека станува збор за „потенцијално купување“ и дека „нема индикации дека купувањето е завршено“.

Вашингтон, исто така, го обвини Иран дека и доставува беспилотни летала на Русија за употреба во војната во Украина, што Техеран го негираше.

Русија, исто така, ги отфрли обвинувањата и побара од САД да обезбедат докази.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков