Сеуште нема траги од исчезнатиот малезиски авион во водите на Индискиот Океан

Од:

Австралиските власти денеска го издадоа првото соопштение за резултатите од испитувањето на дното на Индискиот Океан, каде што, се претпоставува, треба да има траги на мистериозно исчезнатиот Боинг 777 кој на 8 март годинава, со 239 патници и екипаж леташе на линијата Куала Лумпур – Пекинг.

Соопштено е дека не е пронајдена ни една трага што ќе наведува на тоа дека има траги на исчезнатиот малезиски авион.

Со три брода и најсовремена опрема во оваа фаза треба да се испитаат 6.000 квадратни километри од морското дно. До сега со специјални подморници и сонори е направена претрага на 670 квадратни километри.

Истражувачите од Австралија, Малезија, Кина, САД и неколку европски држави во следниве две недели ќе го продолжат пребарувањето на простор од околу 500 квадратни километри на морското дно, западно од австралискиот брег.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

А1он

Малезија има нов крал

Малезија: Најмалку 10 загинати по авионска несреќа на автопат

Во близина на Малезија се запали танкер, спасени се 25 членови на екипажот, тројца се водат за исчезнати

Горан Наумовски

Феро Инвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

Горан Наумовски