Сенатот на САД одобри нов пакет санкции против Русија, предвидени и царини до 100%

Од:

Американскиот Сенат усвои обемен пакет санкции против Русија, со кој се предвидуваат нови мерки против руските државни функционери, компании и странски субјекти што ја поддржуваат руската воена индустрија.

Законот беше усвоен со двопартиска поддршка, со 86 гласа „за“ и 11 „против“, а следниот чекор е негово разгледување во Претставничкиот дом, кој треба да се изјасни по летната пауза.

Покрај санкциите против рускиот претседател Владимир Путин, олигарси и државни компании, законот предвидува можност за воведување царини до 100 отсто за земјите кои увезуваат најголеми количини руска сурова нафта и природен гас, меѓу кои се Кина и Индија.

Исклучок е предвиден за државите кои увезуваат помалку од 15 отсто од вкупниот руски извоз на природен гас и кои преземаат конкретни мерки за намалување на зависноста од руските енергенси.

Првичната верзија на законот, претставена во 2025 година, предвидуваше минимални царини од 500 отсто. По повеќемесечни преговори, законодавците се договорија максималната стапка да биде намалена на 100 отсто, а овластувањето за нивно воведување да го има американскиот трговски претставник.

За да стапи во сила, законот треба да биде усвоен и од Претставничкиот дом на Конгресот на САД.

Би можело да ве интересира

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Европа се подготвува за конфликт со Русија: анализата на CNN открива дека коридорот Сувалки е најранливата точка на НАТО

Француската крајна десница го менува тонот кон Москва

Кремљ ја презема руската имотна база на Nestlé и Auchan

Макрон: „Франција беше мета на руски хибридни напади“

САД отвораат нов фронт против Русија: Трамп добива овластување за царини до 100%