Семејството и човековите права главна тема на вториот ден од Конференцијата во Женева

Од:

На вториот ден од Регионалната конференција на тема „Овозможувајќи избор: Динамика на населението и одржлив развој“, која се одржува во Женева, предвидени се две сесии.

Едната е посветена на семејствата, сексуалното и репродуктивно здравје во текот на животот, а втората е на тема „Нееднаквости, општествена вклученост и права“.

На првата сесија учесниците потенцираа дека промоцијата и заштитата на сексуалното и репродуктивно здравје и права се клучни за постигнување на еднаквост, социјална правда и одржлив развој.

На конференцијата, исто така, беше нагласено дека е потребно национална легислатива и политики ослободени од секаков вид на дискриминација, принуда и насилство, вклучувајќи и од партнерот, како и овозможување на жените и девојките безбеден абортус, но и заштита на правата на луѓето со ХИВ.

На форумот е потенцирана и потребата од сексуално образование, со цел адолесцентите и младите луѓе да се заштитат од непланирана бременост и сексуално преносливи болести, вклучувајќи и СИДА, како и пристап до контрацептивни средства.

Учесниците ги истакнаа различните форми на семејство и апелираа дека е потребна законска рамка и поддршка, посебно финансиска.

Тие ја нагласија клучната улога на политичките чинители, парламентите и медиумите во промоција и заштита на човековите права, но и сексуалното и репродуктивно здравје.

Би можело да ве интересира

Швајцарија организира мировна конференција за Украина на 15 и 16 јуни

Шестмина скијачи исчезнаа на швајцарските Алпи

Катерина Ѓуровски

Во Луцерн: Србин ја убил сопругата која сакала да се разведе од него

Швајцарија изгласа воведување тринаесетта пензија

А1он

Убиен e Иранецот кој држеше заложници во Швајцарија

Горан Наумовски

Србинка во Швајцарија паднала од мост висок 30 метри, уапсени се двајца мажи по потекло од Македонија

Горан Наумовски