Семејствата на сириските затвореници принудени да плаќаат мито

Од:

Во студијата на Здружение на притвореници и исчезнати лица во затворот Седнаја се наведува дека роднините за да ги посетат затворените лица или за нивно ослободување морале да ги поткупат државните службеници. Во еден сириски затвор било побрано мито од 2,7 милиони американски долари.

Студијата содржи изјави од над 1.200 поранешни затвореници и членовите на семејствата на притворените. Околу една четвртина од испитаниците изјавиле дека им биле барани пари. Дел од нив платиле по неколку илјади американски долари, додека на семејствата кои живеат во странство плаќале и до 30.000 доалри.

Авторите на студијата истакнуваат дека мито примале затворските чувари, судии, воени претставници. Тие наведуваат дека дел од парите им помагаат на членовите на режимот на Башар ал Асад да ги избегнат санкциите.

Пред да почне војната во Сирија во 2011 година, според податоици на невладините организации биле затворени или се водат како исчезнати од 100.000 до 250.000 луѓе, а нивниот број драстично е зголемен од крајот на 2012 година.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град