Семејствата на патниците од исчезнатиот малезиски патнички авион почнаа да добиваат иницијален надомест од по 50.000 долари. Досега пари добиле шест семесјтва од Малезија и една од Кина, а осигурителни куќи разгледуваат барања на уште 40 кинески семејства.
Роднините на сите 239 ичезнати лица може да побараат поединечен надомест до 175.000 долари, јави Би-Би-Си.
Авион на лет МХ370 исчезна на 8 март за време на патување од Куала Лумпур кон Пекинг и досега не е пронајдена ниту една трага од авионот. Заменикот на малезискиот министер за надворешни работи Хамзах Заинудин нагласи дека Владата се уште не прогласи дека авионот е изгубен. Надомест исплаќа конзорциум осигурителни компании предводени од германската Алијанц.