Семејствата на 239-те патници од исчезнатиот малезиски авион „Боинг 777“, нудат пет милиони долари на секој, кој поседува некаква информација за леталото кое исчезна на 8-ми март по полетување од Куала Лумпур кон Пекинг.
Тие објавија дека кампањата за собирање средства е покрената на страната Индиегого.
Се претпоставува дека авионот кој пред три месеци исчезна од радарите, паднал во јужниот дел од Индискиот океан, спротивно од планот на летот, но потрагите не доведоа до локализирање на остатоците, ниту до пронаоѓање на делови, поради што семејствата се сомневаат дека власитете не им ја кажуваат вистината.
-Веруваме дека некој знае нешто и дека наградата ќе го поттикне да зборуваат -вели Етхан Хунт кој што е одговорен за акцијата „Reward MH370“.
Е. Г.