Селф-тестовите за Ковид-19 не се валидни за дигиталните пасоши на ЕУ

Од:

Европската Комисија потврди дека селф-тестови за Ковид-19 не важат за добивање дигитален сертификат за слободно движење.

Портпаролите на Европската Комисија објаснија дека овие тестови не даваат доволно гаранции за да можат да бидат земени предвид во проектот на ЕУ за дигитални зелени сертификати.

-Тестовите се една од опциите за дигиталните зелени сертификати, но треба да бидеме сигурни дека се валидни и дека може да се докаже дека е направен, селф-тестовите не се предвидени за добивање дигитален зелен сертификат, изјави Кристијан Виганд, портпарол за правда на Комисијата.

Портпаролот Ерик Мамер додаде дека резултатите мора да бидат сочувани во националните здравствени системи на земјите членки за да можат да бидат валидни.

-Не може едноставно да купите тест во аптека, мора да има трага, рече тој.

Дигиталните зелени сертификати се проект на Европската Комисија што ќе треба да овозможи да се врати слободното движење во ЕУ за луѓето што се или вакцинирани, или можат да приложат негативен ПЦР тест за да патуваат во друга земја.

За сега е неизвесно дали и како земјите од Западен Балкан ќе бидат асоцирани или вклучени во оваа стратегија, која допрва треба Советот и Парламентот на ЕУ да ја одобрат и усвојат. Нејасно е исто така дали вакцините што не се одобрени од страна на здравствените власти од ЕУ ќе важат за овој сертификат.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски