Секуларната партија на тунискиот претседател ја напушти Владата, предводена од исламистите

Од:

Секуларната партија на тунискиот претседател Мосеф Марзуки денеска ги повлече тројцата министри од коалициската Влада, во која доминираат исламистите, нагласувајќи дека неговите барања за измени во кабинетот не биле исполнети.

Одлуката на левата националистичка партија „Конгрес за републиката“ е уште еден удар за Владата на премиерот Хамади Џебали, која се соочува со масовни протести поради убиството на секуларниот опозициски лидер Шокри Белаид.

– Веќе една седмица предупредуваме дека доколку не бидат сменети министрите за правда и за надворешни работи ќе ја напуштиме Владата, изјави претседателот на партијатра Бен Амор.

– Оваа одлука нема ништо заедничко со решението на премиерот да состави технократска влада, истакна Бен Амор во врска со најавата на Џебали да состави непартиски кабинет, кој ќе ја раководи земјата до одржувањето на парламентарните избори.

Тунис е управуван од коалициската Влада на националното едниство, составено од умереното исламистичко движење „Ан Нахда“, „Конгресот за републиката“ и левата исламистичка партија „Демократски блок за труд и слободи“.

Би можело да ве интересира

Четворица осудени на смрт, двајца на доживотен затвор за убиство на политичар во Тунис

Туниската полиција уапси стотици мигранти во крајбрежниот регион Сфакас

ВИДЕО: Хаос во Тунис, српските туристи за малку ќе се степаа со хотелиерите откако добија мувлосани соби

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во напад пред синагога во Тунис: Полицаец уби двајца верници и колега, убиен е и напаѓачот

Горан Наумовски

ВИДЕО: Фудбалерот Низар Ал-Исави почина откако се самозапали

Предраг Петровиќ

Полицијата уапси министер за финансии и познат бизнисмен