Седма жртва на птичјиот грип во Кина

Од:

Бројот на жртвите на птичјиот грип, предизвикан од вирусот Х7Н9, се зголеми на седум лица, а бројот на заболените Кинези изнесува најмалку 24 лица.

Новиот смртен случај е забележан во Шангај. Станува збор за 64-годишен маж, кој починал синоќа.

Здравствените власти во Шангај објавија дека мажот помош од лекар побарал во средата поради симптомите налик на воспаление на белите дробови. Вчера изутрината проблемите со дишењето значително се зголемиле, по што бил примен во една шангајска болница, каде почина неколку часа подоцна.

Во меѓувреме се пријавени уште два нови случаи на зараза. И двата се регистрирани во источниот дел на Кина.

Би можело да ве интересира

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он