Се запали авион на аеродромот во Дубаи

Од:

Авион со 275 патници и членови на екипажот на компанијата „Флај Емирејтс“ се запали при принудно слетување на меѓународниот аеродром во Дабаи, јави ДПА.

Авионот „Боинг 777“, на летот ЕК521 од Тируванантапурам во Индија до Дубаи, требало да слета во 12:50 часот по локално време, а несреќата се случила во 12:45 часот.

Причините за избувнувањето на пожарот засега не се познати.

На снимките од несреќата, кои се поставени на социјалните мрежи, се гледа како од авионот се издига густ чад над аеродромот.

Сите патници се „безбедно евакуирани и никој не е повреден“, наведе на Твитер Канцеларијата за односи со медиумите на Владата во Дубаи.

Би можело да ве интересира

Поплава во Дубаи – затворен аеродром поради рекордни врнежи

Семејството ќе ја оствари последната желба на пејачката која загина во Дубаи

А1он

Девојка од Бијелина загина во Дубаи откако падна од 24 кат

ВИДЕО: Во Џеда продолжи изградбата на највисоката кула во светот, ќе биде 1.000 метри

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Авион со 167 патници се запали во воздух

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Дубаи: 16 лица загинаа во пожар во станбена зграда

Горан Наумовски