Епидемијата од заболување од ебола во западниот дел на Африка е надвор од контрола, соопшти меѓународната организација „Лекари без граници“.
Спречувањето на ширењето на вирусот бара значителни ресурси од владите и агенциите за помош, се наведува во соопштението.
Според Светската здравствена организација, бројот на смртните случаи во Гвајана, Либерија и Сиера Леоне достигнал 350 лица од февруари досега. Ова е најсмртоносната епидемија на ебола откако вирусот првпат се појави во централниот дел на Африка.
Заболени од вирусот се регистрирани на повеќе од 60 места во трите држави. Најзагрозена со 39 случаи е Сиера Леоне, покажуваат податоците на СЗО.