Се повеќе медузи во морињата и океаните

Од:

Изминатите години е забележан се поголем број медузи во морињата и океаните ширум светот, феномен, кој научниците го препишуваат на прекумерниот риболов и климатските промени.

Од африканското крајбрежје преку Средоземното, Балтичкото и Јадранското море, па се до американските и азиските заливи, јатата медузи се се поголеми и поголеми.

Тие денес се присутни во сите океани, без оглед на температурата на водата.

На истражувачите им е тешко да го предвидат развојот на оваа глобална инвазија, бидејќи не располагаат со податоци за развој на ситуацијата во минатото. Едно меѓутоа е извесно: бројот на нивните жртви постојано расте и тоа не само меѓу капачите.

Најпогодени се рибарите, особено оние кои ловат околу Јапонија. Медузите, кои се размножуваат во тие води се исклучително големи и тешки. Мрежите, во кои влегуваат тие е невозможно да се извлечат на површината.

Тие исто така ја прават рибата несоодветна за човечка употреба, бидејќи контаминираат со својот отров.

Се случува тие да навлезат и во водата за ладење на електричните централи кои се изградени долж бреговите, што доведува до повремено исклучување на струјата.

Причината за нивната пролиферација се уште со сигурност не е утврдена. Голем број експерти и натаму се обидуваат да сфатат што довело до нивно масовно размножување. Една од хипотезите е дека медузите се намножиле како последица на прекумерниот рибилов.

Медузите и рибите најчесто се хранат со планктони. Со постепеното истребување на рибите, особено на сардината и инчунот, се повеќе храна останува за медузите.

Исчезнувањето на големите предатори е уште една причина за зголемувањето на бројот на медузите. Имено ајкулите, туните и желките, се сметаат за главен регулатор на популацијата на медузи, а нив во морињата ги има се помалку.

Медузите се појавиле пред околу 650 милиони години, а денес има неколку илјади видови.

Би можело да ве интересира

Земјата денес е најблиску до Сонцето

А1он

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он