Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Од:

На граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата се бележи зголемена фреквенција на возила, а на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во Атина, повредени се најмалку четири лица

Гркинка остана без 40.000 евра и 100 златни монети – „ја прескокна“ првата, но „падна“ на втората измама

А1он

Грција и ги предава посмртните останки на цар Самуил на Бугарија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) На автопат во Грција вози со 310 км/ч, „лудувањето“ го објави на ТикТок

А1он

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

WSJ: Лобист на „Актор“ ја придружувал амбасадорката на САД на состаноци низ Балканот, Гилфојл ја промовирала компанијата