Се појави Моцарт, пандан на озлогласениот Вагнер: И двете групи се именувани по композитори, но други сличности нема

Од:

Волонтерска организација наречена Моцарт, предводена од воени ветерани, вели дека сака да помогне и спаси животи во Украина, пркосејќи ѝ на озлогласената руска паравоена група Вагнер.

И двете групи се именувани по познати композитори, но оние кои работат за Моцарт велат дека тука завршуваат сите сличности меѓу нив.

Моцарт е составен од воени ветерани кои доставуваат хуманитарна помош, помагаат во медицинската евакуација и учествуваат во обука на Украинците за борба.

– Нема шанси да правиме воени операции како Вагнер – рекол Стив (52), држејќи воки-токи во раката.

Стив, кој служел во маринци 23 години, е зад воланот на џип полн со храна испратен од невладината организација „Светска централна кујна“, пренесува Index.hr.

Три возила во неговиот конвој се полни до работ со храна за едно село во Доњецката област, во делот што го контролира Украина.

Во центарот на селото истоварија 260 пакети кои ќе им бидат поделени на мештаните.

– Не изгледа многу. Но, ние сме мала организација. „Моцарт е поагилен, па може да стигне до места каде што големите организации не сакаат да одат“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ