Се подготвува голем напад: Можно е лансирање дронови од Сирија

Од:

Иран, наводно, планира да лансира беспилотни летала кон Израел од Сирија поради смртта на политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханије и командантот на Хезболах Фуад Шукр, соопшти денеска Сириската опсерваторија за човекови права (SOHR), повикувајќи се на свои извори.

SOHR со седиште во Велика Британија објави дека беспилотните летала може да бидат лансирани од области во близина на Дамаск и сириската пустина за да изгледа како да се лансирани од групи поддржани од Иран во Ирак, објави „Тајмс оф Израел“.

Според извештајот на SOHR, иранските групи исто така наредиле да не се гаѓаат американски воени бази доколку Соединетите држави не учествуваат во одбраната на Израел.

Американскиот претседател Џозеф Бајден вчера ја истакна посветеноста на Америка да ја брани безбедноста на Израел „против сите закани од Иран“.

Заканите доаѓаат откако Израел, наводно, го убил Шукр во вторникот, неколку дена по воздушен напад на групата која уби 12 млади луѓе во градот Мајдал Шамс на Голанската висорамнина.

За смртта на политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханије, која се случи само неколку часа подоцна во Техеран, беше обвинет и Израел, иако тој не ја презеде одговорноста за нападот.

Сириските воени аналитичари редовно ја обвинуваат SOHR, управувана од едно лице, за лажно известување за бројот на жртви.

Би можело да ве интересира

Ели Шарвит е назначен за нов шеф на Шин Бет

Хамас ги повика поддржувачите ширум светот со оружје да се борат против планот на Трамп за Газа

Иранската војска ги подготвува ракетните системи со долг дострел по заканите на Трамп

Горан Наумовски

Во Газа пронајдени 14 тела на хуманитарци

Али Хамнеи: САД ќе се соочат со силна одмазда ако го нападнат Иран

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски