Се намалува очекуваниот животен век во САД

Од:

Очекуваниот животен век во САД втора година по ред бележи пад и во 2021 година и е за една година е пократок во споредба со 2020 година, се наведува во денеска објавениот владин извештај.

Во текот на првите две години од пандемијата со Ковид-19 очекуваниот животен век на Американците беше намален за околу три години. Последен пат таков пад беше забележан на почетокот на 40-тите години од минатиот век, за време на екот на Втората светска војна.

Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести падот на животниот век на Американците во 2021 година е поради новите соеви на Ковид-19. Како други фактори се наведени долгогодишните проблеми како предозирање, болестите на срцето, самоубиствата и хроничните болести на црниот дроб.

Очекуваниот животен век се пресметува според годината на раѓање, а се зема предвид и стапката на смртност во тоа време.

Очекуваниот животен век во САД со децении до пандемијата беше во пораст. Тој во 2019 година животниот век изнесуваше имаше 78 години и 10 месеци, во 2020 година се намали на 77 години, додека минатата година беше проценет на околу 76 години и еден месец, а последен пат толку ниско беше во 1996 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кочо Анѓушев и неговата фамилија ставени на црната листа на САД

А1он

Бркале сериски убиец, а тој бил во затвор

Пукање во Лас Вегас: Има мртви и ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) 84-годишен Американец до смрт ја претепа сопругата откако се скарале за мачката

Горан Наумовски

Американски воен авион падна во океанот во близина на Јапонија, во него имало осум лиц

Четиригодишната Абигејл Едан, најмладата киднапирана американка е меѓу ослободените

Катерина Ѓуровски