Се испитува одговорноста на пилотот за падот на пакистанскиот авион

Од:

Капетанот на пакистанскиот авион, во кој загинаа 67 патници и членови на екипажот, се приближил до аеродромот во Карачи и не јавил дека има проблем со контролирањето на командата за слетување, па трипати удрил во пистата, изјави висок пакистански официјален претставник.

Истражителите ја пронајдоа црната кутија со снимка од разговорот во пилотската кабина, од кој се дознава дека пилотот иако добил предупредување од контролата на летот сепак продолжил со маневри за слетување, истакна портпарол на пакистанската авиокомпанија.

Веднаш откако авионот „Ербас А320“ првпат удрил на пистата, а потоа се откажал од слетување, пилотот и јавил на контролата дека двата мотора престанале да работат.

Истражителите допрва мораат да утврдат дали моторите престанале да работат поради ударот од пистата или постои друга причина.

Црната кутија и снимките ќе бидат испратени во Агенцијата за авионски несреќи во Париз, каде ќе бидат детално анализирани.

Падот на пакистанскиот авион го преживеаја само двајца патници.

Би можело да ве интересира

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Пакистан е веќе нуклеарна сила: Никој нема увид што изработува и колкава опасност може да предизвика

А1он

(ВИДЕО) Пакистан изврши ракетни напади на територијата на соседен Иран

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нуклеарно вооружените Пакистанци се закануваат со одмазда за нападот од Иран