СДП со остри критики за американските намери за испорака на оружје за Украина

Од:

Германската Социјалдемократска партија остро ги критикуваше американските планови за испорака на оружје за Киев во борбата со проруските сили, оценувајќи дека таков чекор би придонел само за ескалација на судирот.

– Испораката на американско оружје за Украина би била опасен чекор кој брзо би можел да поттикне понатамошна ескалација, изјави Нилс Анен, портпарол на пратеничката група на СДП во Бундестагот.

Изјавата беше дадена по медиумски извештаи дека САД веќе не исклучува можност за испорака на свое оружје за владата во Киев во борбата со проруските сили на исток во Украина.

Германската Влада денеска не се изјасни за тоа прашање. Дали тоа ќе биде тема на дневен ред за време на посетата на Меркел на САД останува отворено прашање, наведува Шпигел.

– Германија нема да доставува оружје за Украина. Ние сме за дипломатско решавање на конфликтот меѓу Киев и сепаратистите, изјави денеска во Будимпешта германскиот канцелар Ангела Меркел.

Во судирите на исток во Украина од април лани загинаа повеќе од 5.000 луѓе, додека 900 илјади се раселени. И покрај примирјето склучено во септември и период на релативен мир, борбите се интензивирани во изминатите неколку недели.

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина