СБ на ОН поделен по прашањето за Западна Сахара

Од:

Советот за безбедност на Обединетите нации изрази вчера загриженост поради заострувањето на ситуацијата околу Западна Захара и од барањето на Мароко да биде скратен речиси целиот меѓународен персонал на мисијата на ОН во тој регион.

Претставникот на СБ, анголскиот дипломат Исмале Гаспер Мартинес изјави во Њујорк дека членовите на Советот се договориле заеднички да дејствуваат со Рабат со цел да се пронајде позитивно решение за ситуацијата.

Седницата на СБ траеше повеќе од четири часа и од нејасните одговори на Мартинес стана јасно дека Советот е длабоко поделен по ова прашање.

Тој напомена дека Советот ја усвоил резолуцијата за Западна Сахара, во која се повикуваат земјите во конфликтот, Мароко и Народниот фронт за ослободување – ПОЛИСАРИО, кој се бори за независност во регионот да почнат мирен дијалог со цел надминување на сите несогласувања.

Анголскиот дипломат сепак не одговори конкретно дали оттаму ќе бидат повлечени 81 соработник на мисијата, кои Мароко ги прогласи за персона нон грата и им даде рок од три дена да го напуштат регионот.

Ситуацијата околу Западна Сахара се распали на почетокот на март, кога генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун го посети кампот за бегалци од Западна Сахара во соседен Алжир и статусот на регионот го спореди со окупација. Мароко на ова реагираше остро и упати критика до првиот човек на ОН. Во Рабат се одржа митинг во знак на протест против изјавата на Бан Ки-мун. Тој од своја страна таа акција ја означи како непочитување кон него и кон ОН.

Претставникот на ПОЛИСАРИО во ОН Ахмед Бухари предупреди дека повлекувањето на мисијата на ОН во Западна Сахара ќе доведе до обновување на војната со Мароко. На новинарско прашање дали тоа е закана тој одговори дека тоа е факт.

– Доколку нема политички процес, поддржан од ОН, што друго ни преостанува, додаде Бухари.

Франција го поддржува Рабат во спорот за Западна Сахара и активно ја заштитува неговата позиција во СБ. Поддршка за мароканската позиција пред неколку дена изрази и рускиот претседател Владимир Путин, кој во Москва разговараше со мароканскиот крал Мохамед Шести.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

Нови тајни документи: САД го шпионирале шефот на ОН, неговите разговори беа објавени

Ана Ололовска