СБ на ОН ги одби и руската и американската резолуција за Венецуела

Од:

Советот за безбедност на ОН ги одби и руската и американската предлог резолуција за Венецуела, со што го продлабочи глобалниот раздор во врска со односот кон кризата во оваа јужноамериканска држава.

Русија и САД се на спротивни страни во Венецуела, со оглед на тоа што Москва го поддржува претседателот Николас Мадуро, а Вашингтон самопрогласениот привремен претседател Хуан Гуаидо.

Русија и Кина ставија вето на американската резолуција според коjа СБ на ОН требаше да повика на слободни и непристрасни претседателски избори во Венецуела и непречено доставување хуманитарна помош.

Американската нацрт резолуција го доби потребниот минимум од девет гласови, што ги примора Русија и Кина да стават вето. Јужна Африка исто така гласаше против, додека Индонезија, Екваторијална Гвинеја и Брегот на Слоновата коска беа воздржани.

Советот потоа гласаше за руската нацрт резолуција во која се изразува поддршка за политичко решение во Венецуела и владата на претседателот Мадуро како примарен координатор за меѓународната помош.

Рускиот предлог е одбиен откако доби само четири гласа „за“, четири земји беа воздржани, а остатокот од 15-члениот Совет беше против. За една резолуција да биде усвоена потребни се најмалку девет гласови, и ниту една од петте постојани членки да не стави вето.

Би можело да ве интересира

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска