Саудиско оружје пронајдено во база на сириските бунтовници

Од:

Три сандаци на оружје адресирани за армијата на Саудиска Арабија се прусмерени кон сириските бунтовници, откри БиБиСи во бунтовничка база во Алепо, но на нивниот новинар Иан Панел не му е дозволен пристап до содржината на сандаците. Од етикетите залепени на сандаците се гледа дека доаѓаат од украинската компанија LCW, Luhansk Cartridge Works, која произведува оружје, а која е основана во 1895. година.

Начинот на кој сандаците стигнале во базата на бунтовниците се уште е непознат, а властите на Саудиска Арабија одбија да коментираат за случајот. Сепак, ова е очигледен знак дека некој од Персискиот Залив активно им помага на бунтовниците засоборување на претседателот Башар ал-Асад, тврди дописникот на БиБиСи, додавајќи дека Саудиска Арабија има тенденција своите надворешни работи да ги врши тајно и дискретно. Во прилог на сето ова се и изворите од редовите на бунтовниците кои признаа дека добиваат помош од Катар и Саудиска Арабија.

И покрај предупредувања на ОН и апелите од страна на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун, на оние кои испраќаат оружје – дали на бунтовници или на про-Асадовите борци – да престанат да го прават тоа, ситуацијата добива на интензитет. Катар и Саудиска Арабија до сега не ги снабдуваа бунтовниците со тешко вооружување, откако беа обесхрабрени од САД, стравувајќи дека таквото оружје може да падне во рацете на терористите.

“Снабдувањето на бунтовниците со тешко вооружување мора да се направи. Сепак, најнапред ни треба поддршка од САД и ако е можно од ОН”, изјави Калид ал-Атијах, катарскиот министер за надворешни работи. Сепак, поддршка од ОН, во кој Русија и Кина ќе стават вето на било каков вид на интервенција, е сценарио кое не е веројатно да се види. Исто така, не можат со сигурност да сметаат на заедничка Арапска акција во Сирија, бидејќи многу официјални лица стравуваат дека конфликтот и потенцијалната интервенција во Сирија може да ги зајакне секташките непријателства кои можат да се претворат во џихад, што би ги загрозил арапските влади, веројатно повеќе од авганистанската војна во 1980-тите, пренесува Њујорк Тајмс.

Во меѓувреме, турскиот претседател Абдула Ѓул изјави дека Турција ќе стори сé за да ги заштити своите граници, со оглед на “најлошото сценарио”, кое во моментов се случува во Сирија. Истовремено Фог Расмусен, генералниот секретар на НАТО, изјави дека НАТО нема намера воено да интервенира во Сирија, но ако на Турција, како членка на НАТО и треба заштита и одбрана – може да смета на солидарност.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град