Саудијците ја обвинуваат шефицата на шведската дипломатијата за напад врз исламот

Од:

Конфликтот на шведската Влада со Саудиска Арабија ризикува да западне во нова фаза, во еден ризичен пресврт, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

По неодамнешните изјави на шефицата на шведската дипломатија Маргот Валстром, дека е сосема јасно оти за политиката во Саудиска Арабија не може да се користи друг збор освен диктатура, Ријад го повлече својот амбасадор од Шведска.

Според Валстром, политиката на Саудиска Арабија е мошне далеку од феминистичка политика, бидејќи се кршат правата на жените, не им се дозволува, меѓу другото, да возат автомобил и физички се казнуваат жени блогери.

Од говорницата во шведскиот Парламент-Риксдаг, вчера, министерката Валстром рече дека е загрижена оти нејзината критика може да биде сфатена како непријателска кон исламот и да води кон муслимански протести.

Највисокиот религиозен авторитет во Саудиска Арабија, великиот муфтија Абдулазиз Ал ал-Шеик, изнесе тврдење во едно телевизиско интервју дека критиката изречена од страна на Маргот Валстром е насочена кон исламот.

Маргот Валстром тврди дека не го нападнала исламот, но меѓу дел од шведските експерти има и поинакви мислења.

Кога таа зборуваше за “средновековно казнување“, го критикуваше законот Шеријат, односно законите врз кои се базира саудискиот правен систем кои се утврдени во Куранот и се божји закони. Во таа смисла кога Валстром го критикува казнувањето според Шеријат, тоа станува критика против исламот, дури и ако тоа не е нејзина намера, вели Торд Јансон од одделнието за глобални студии на Универзитетот во Гетеборг.

Одлкуката на Саудиска Арабија да воведе забрана за издавање нови визи за шведски бизнисмени е проследена со вознемиреност меѓу шведските стопанственици.

Маргот Валстром моментно не сака да шпекулира за други „несреќни последици“ кои можат да произлезат од влошувањето на односите со Саудиска Арабија.

-Не сме на пат да го заоструваме тоналитетот во дискусијата. Пред се треба да ги решиме проблемите што во овој миг имаме со Саудиска Арабија, потенцира Маргот Валстром во своето обраќање во шведскиот Парламент.

Би можело да ве интересира

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло

Шведска: Осум лица хоспитализирани по инцидент во седиштето на шведската служба за безбедност