Сателитски снимки покажуваат редуцирано загадување во северна Италија

Од:

По избувнувањето на епидемијата на новиот коронавирус во Кина, која предизвика економско забавување, сателитските слики покажаа драматично опаѓање на нивото на загадување во земјата.

Сега, истиот ефект може да се забележи и во северна Италија, каде некои градови се наоѓаат под своевиден карантин од крајот на февруари. Научникот Сантијаго Гасо, од американската вселенска агенција НАСА и Универзитетот во Мериленд, ги искористи податоците на Европската вселенска агенција за да го набљудува во северна Италија намалувањето на азотниот диоксид, индикатор за загадувањето.

Фотографиите ги сподели на Твитер.

– Јасно е дека NО2 e намалено на последните две фотографии, што се два дена во различни седмици, така што мојот заклучок е дека азотниот диоксид (кој обично се произведува од автомобили и автобуси) е намален, изјави Гасо за Би Би Си.

Европската вселенска агенција (ЕСА) соопшти дека сè уште не донела свои заклучоци.

– Сè уште не видовме значителна разлика, но работиме на тоа, изјави портпаролот на ЕСА.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим