Француската фармацевтска компанија „Санофи“ ги откажа плановите за производство на сопствена вакцина темелена на mRNA технологија против Ковид-19, поради доминантната пазарна улога на корпоративниот сојуз меѓу БиоНТек/ Фајзер и Модерна во борбата против пандемијата, соопшти денеска париската дирекција на компанијата.
Британските медиуми пренесуваат дека француската фармацевтска групација место тоа ќе се фокусира на напорите со британскиот партнер ГлаксоСмитКлајн да лансираат конвенционална вакцина темелена на протеини против Ковид-19, што во моментов масовно се тестира.
Одлуката за запирање на клиничкиот развој на мРНА вакцината на „Санофи“ е донесена и покрај позитивните резултати од првата и втората фаза од клиничките испитувања што денеска беа објавени, а со кои се потврди дека оваа вакцина стимулира силен имунолошки одговор.
„Санофи“ информира дека резултатите од клиничките истражувања се поттик за мРНА технологијата во иднина да се користи за да се направат вакцини против грип и други болести