„Сан“: Околу 80 илјади Бугари ќе пристигнат во Велика Британија по јануари 2014 година

Од:

Околу 400 илјади бугарски државјани планираат да емигрираат на Запад за помалку од шест месеци, а нивниот прв избор е Велика Британија, пишува денеска британскиот весник „Сан“.

Британскиот таблоид се повикува на неодамна спроведената анкета во Бугарија, според која 17 проценти од Бугарите на возраст од 15 до 55 години се подготвени да го спакуваат својот багаж. Освен Велика Британија, друга најпосакувана дестинација за бегство од економската криза е Германија.

„Сан“ наведува дека согласно европските регулативи од 1 јануари идната година граѓаните на Бугарија и Романија ќе можат слободно да живеат во Велика Британија.

Според весникот доколкусе оствари прогнозата на бугарската агенција „Афис“, по јануари идната година на британскиот Остров ќе пристигнат 80 илјади Бугари.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори