Самит на Г-20 во Осака

Од:

Светските лидери се собраа во јапонскиот град Осака, на дводневен самит на Г-20, во време на зголемен број спорови и кризи, во кои се вклучени најголемите економии во светот.

Според Си-Ен-Ен се очекува лидерите зад затворени врати, да се арзговараат за опасноста од судир меѓу Вашингтон и Техеран и трговска војна на САД и Кина.

На маргините на конференцијата веќе се сретнаа претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин. В сабота Трамп ќе има средба со претседателот на Кина Си Џинпинг
Трамп изјави денеска дека очекува продуктивна средба со Си, со кого ќе се сретне за првпат по седум месеци во време на тензии во трговските односи меѓу двете земји.

Запрашан, сепак, дали тој му ветил на Си шестмесечно суспендирање на царините, Трамп изјави дека не направил такво нешто.

Според западни медиуми, шансите не се добри, со оглед на фактот дека ниту една страна не попушта бидејќи трговските преговори меѓу двете земји пропаднаа во мај.

Многу членки на Г-20 се заинтересирани за исходот на средбата и Трамп и Си, бидејќи тој судир наруши глобалните синџири за снабдување и го успори глобалниот раст и ги натера централните банки да не ги зголемат каматните стапки.

Финансиските пазари се опоравија по телефонскиот разговор на Трамп и Си од минатата недела, кога тие се согласија да се состанат во Осака и да ги разгледаат трговските преговори, прекинати откако САД ја обвини Кина за неисполнување ветувања.

-Трамп смета дека на средбата со Си може давиди каква е позицијата на Пекинг и ќе биде задоволен со каков било исход, изјави висок американски официјален претставник, кој сакаше да остане анонимен.

Пекинг верува дека барањата на САД за спроведување на бројни економски реформи се прекршување на суверенитетот на Кина.

Во јавноста кинеските власти велат дека ефектите од трговската војна се под контрола и дека не се брзаат да постигнат договор.

Американските санкции за кинескиот телекомуникациски гигант Хуавеј исто така, би можеле да бидат тема на разговорите на двајцата лидери.

Извор кој говореше со кинеските власти за трговија, вели дека тоа е малку веројатно дека Си ќе влезе во детали за можен трговски договор, како што беше случај кога тој се состана со Трамп во декември во Буенос Аирес, туку ќе се обиде да воспостави нов пат за подобрување на односите.

-Примирје во трговскиот конфликт е поверојатно отколку договор, изјави Метју Гудман на Центарот за стратегиски и меѓународни студии во Вашингтон и поранешен советник на претседателот Барак Обама за меѓународна економија.

Меѓутоа, некои членови се загрижени поради фактот дека трговската војна меѓу САД и Кина би можела да ги засени напорите за решавање итни меѓународни прашања.

– Трговска војна САД-Кина е сериозна, но тоа не треба да се земе меѓународно тело за заложник. изјави претставник од Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон.
Опасноста од конфликт на Блискиот исток ја зголеми цената на нафтата на светскиот пазар.
Самитот во Јапонија се одржува пред состанокот на земјите од ОПЕК на 1 и 2 јули, каде што ќе се дискутира за нафтената политика.

Домаќинот на состанокот, јапонскиот премиер Шинѕо Абе, сака во фокусот на самитот на Г20 ада се фокусираат на реформите на Светската трговска организација, подобрување на позицијата на работниците и намалување на пластичниот отпад во океаните.

Тој, исто така, сака да разговара за глобалните правила за управување со податоци кои ќе овозможат заштита на личната и интелектуалната сопственост, со слободен проток на медицински, индустриски и не-лични податоци.

Но, САД веруваат дека Кина само ќе собира податоци и нема да ги сподели, изјави извор од јапонската влада.

-Нема многу теми за кои сите учесници можат да се согласат. Можеби намалувањето на пластичниот отпад е единственото подрачје во кое никој не се противи, вели изворот.

Би можело да ве интересира

Русија влезе во трите земји со најниско ниво на јавен долг по глава на жител

Ердоган до лидерите на Г20: Исполнете ги барањата на Русија

Предраг Петровиќ

Г20 има нова членка

Групата Г20 и даде на Африканската унија ист статус како и на Европската унија

Блинкен: Не планирам да се сретнам со руски и кинески министри на самитот на Г-20

Ана Ололовска

Индија и Кина прават притисок на Г20 во соопштението за Украина да го нема зборот војна