Неколку западни земји ја критикуваа Русија, а најгласен беше американскиот претседател Барак Обама која кажа дека САД се противат на „руската агресија на Украина, бидејќи тоа претставува закана за целиот свет“.
Обама кажа деа САД како единствена суперсила во светот „ја предводи светската заедница“ во осуда на руската агресија во Украина.
-Ние го водиме светот во борбата против ебола во западна Африка, во давањето отпор кон агресијата на Русија во Украина која претставува закана за целиот свет, а како што видовме и со уривањето на малезискиот авион во источна Украина, рече Обама а самиот Г20.
Германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека Европа размислува за воведување нови санкции кон поединци во Русија поради украинската криза.
-Сегашната ситуација не е задоволителна. Во овој момент разгледуваме проширување на санкциите уште на некои личности, реле таа.
Домаќинот, австралискиот премиер Тони Албот го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека сака да обнови „изгубената слава на царска Русија и Советскиот сојуз“, додека британскиот премиер Дејвид Камерон рече дека Русија сака да напаѓа „помали држава“.
Помошникот за надворешна политика на Русија, Јуриј Ушаков рече дека Русија не учествувала во ескалацијата на судирите во југоисточна Украина и дека го поддржува прекинот на огнот кој беше договорен во септември во Минск.
-Ние не учествуваме во тоа, изјави Ушаков, додавајќи дека Русија разговарала со другите лидери на БРИК (Бразил, Русија, Индија, Кина).
-Сите тие рекоа дека санкциите се незаконски, дека претставуваат кршење на повелбите на ОН и го спречуваат економскиот развој. Ние не го покренавме ова прашање. Овие лидери самите тоа го кажаа без никаква сугестија од наша страна, рече Ушаков.
Лидерите на Г20 ветија дека ќе го запрат ширењето на епидемија на ебола во западна Африка.