Садик Кан: Не ја казнувајте Велика Британија поради Брегзит

Од:

Градоначалникот на Лондон, лабуристот Садик Кан, побара од ЕУ да не ја казнува Велика Британија поради одлуката за Брегзит.

Кан престојува во Брисел на средби со високи функционери на Европската комисија и Европскиот Парламент, пред утрешното покренување на членот 50 од Лисабонката спогодба, со што и формално ќе започне процесот за излез на Велика Британија од Унијата.

– ЕУ не треба да создава страв и да се заканува со лош договор (со Велика Британија) и казнување поради Брегзит, изјави лондонскиот градоначалник.

Според него, сега е време да се верува во ЕУ и во исправноста на одлуката за идното членство на оние кои се во неа, па затоа не се потребни застрашувања со казнување на Велика Британија.

Суштината на пораката на Садик Кан до европските преговарачи е повеќе упатено да не се казнува Лондон, односно неговиот финансиски центар Сити, кој беше центарот во кои се вршеа сите банкарско-кредитни и монетарни трансакции на ЕУ, од што државата и градот имаа голема финансиска полза.

Од моментот кога стана јасно дека Британците заминуваат од Унијата, низа европски политичари и финансиски експерти, пред се од Германија и Франција, изјавуваа дека Лондон не ќе може и натаму да биде она што беше досега, кога државата не сака да биде дел од Унијата.

Суштината на овие пораки беше дека не може Велика Британија да излезе од ЕУ и да предизвика криза, а земјата, и пред се градот Лондон, да ја задржи привилегијата да биде главниот финансиски центар на Унијата.

Според европски експерти, таквата можност може да биде реалност доколку Велика Британија прифати да остане дел од европскиот заеднички пазар, но засега официјален Лондон стои на ставот дека земјата ќе се повлече од ЕУ, но и од единствениот пазар и од царинската унија.

Градоначалникот Кан има средби со претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, со претседателот на Европскиот Парламент Антонио Тијано и со еден од преговарачите на ЕУ, Ги Верховстад.

За британските медиуми Верховстад рекол дека никој не и се заканува на Велика Британија, а ниту се размислува за „казнување на Британците“ објаснувајќи дека досегашните изјави на европските политичари биле само реакција на изјави и коментари во Лондон.

Во британската јавност како „казна“ се третираат најавите дека сметките за Брегзит би ја чинеле Велика Британија и до 50 милијарди фунти, што никој во ЕУ го нема официјално потврдено.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно