САД започнаа нови напади врз Јемен

Од:

САД започнаа нови напади врз Јемен, еден ден откако првиот удар предизвика масовни протести во главниот град на Јемен, а други земји од Блискиот Исток изразија загриженост дека нападите би можеле да предизвикаат дополнителни немири во регионот.

„Нападот, изведен од УСС Карни беше насочен кон радарска локација на бунтовниците Хути во Јемен и беше следење на цел поврзана со напади извршени на 12 јануари, дизајнирани да ја намалат способноста на Хутите да напаѓаат бродови“, се вели во соопштението на американската војска.

„Дополнителните удари беа значително помали од претходната ноќ, кога беа погодени речиси 30 локации“, изјави американски претставник за Си-Ен-Ен.

Официјалните медиуми на милитантите поддржани од Иран претходно објавија дека била нападната воздухопловната база Ал Даилами во главниот град на Јемен, Сана, под контрола на бунтовниците. Претходно вчера, директорот на Здружениот Генералштаб на САД, генерал-полковник Даглас Симс, изјави за новинарите дека Хутите лансирале против бродска балистичка ракета како одмазда за нападите во четвртокот вечерта, но таа не го погодила пловилото.

„Сите американско-британски пловила станаа легитимни цели за Хутите по нападот“, рече Врховниот политички совет на бунтовниците, додека Хусеин ал-Ези, заменик-министер за надворешни работи на бунтовниците, рече дека САД и Велика Британија мора „да се подготват да платат висока цена“.

Пет лица загинаа, а шест беа повредени во офанзивата во четвртокот вечерта, за која Хутите соопштија дека вчера биле насочени 73 локации во главниот град Сана, околу пристанишниот град Ходеида и три други региони.

Велика Британија и САД ги бранеа нападите, кои означија голема ескалација во блискоисточната криза, предизвикана од војната меѓу Израел и Газа, но беа осудени од регионалните лидери за поттикнување тензии во и онака нестабилната клима.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски