САД воведоа санкции кон Иран поради кибер нападот врз Албанија

Од:

САД воведоа санкции против иранското Министерство за разузнавање и безбедност и ресорниот министер Есмаил Хатиб, обвинувајќи ги дека се поврзани со кибер нападот врз Албанија.

Во соопштението на американското Министерство за финансии, се наведува дека иранската разузнавачка служба учествува во кибер активности против САД и нивните сојузници, пренесува Радио Слободна Европа.

Потегот на САД доаѓа откако Албанија ги прекина дипломатските врски со Иран во средата. Албанија го обвини Иран за кибер нападот во јули и им нареди на иранските дипломати и персоналот на амбасадата да ја напуштат земјата во рок од 24 часа.

Американското Министерство за финансии во соопштение посочи дека иранското Министерство за разузнавање и безбедност управува со неколку мрежи за кибер закани, вклучително и оние кои се вклучени во сајбер шпионажа и хакерски напади.

„Иранскиот кибер напад врз Албанија ги занемарува нормите на одговорно однесување на мирновременски држави во кибер просторот“, рече американскиот заменик-секретар за финансии Брајан Нелсон.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Ќерката на убиена Иранка ја прослави смртта на Раиси со алкохол и босанска песна

Израел тврди дека не е вмешан во смртта на Раиси

(ВИДЕО) Објавена снимка: спасувачите ги носат телата по несреќата на Раиси

Што ќе се случува по смртта на Раиси

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Загина иранскиот претседател, нема преживени во хеликоптерот на Раиси

Катерина Ѓуровски

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ