САД трипати ставија вето на одлуката за примирје во Газа, сега бараат прекин на огнот

Од:

Соединетите Држави го ревидираа текстот на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации за да поддржат„итен прекин на огнот во Газа кој би траел приближно шест недели, вклучено е и ослободување на сите заложници“, се вели во текстот што го видел Ројтерс.

Третата ревизија на текстот ги одразува острите забелешки на потпретседателката Камала Харис.

Вашингтон стави вето на три нацрт-резолуции на Советот – од кои две бараа итен прекин на огнот – за време на петмесечната војна. Неодамна, САД го оправдаа своето вето велејќи дека таквата акција на Советот може да ги загрози напорите на САД, Египет и Катар да посредуваат за пауза во војната и ослободување на заложниците.

Американскиот претседател Џо Бајден во вторникот рече дека од Хамас зависи дали ќе го прифати договорот за прекин на огнот бидејќи делегациите три дена одржуваа преговори, но без напредок.

САД традиционално го штитат Израел во Обединетите нации, но исто така двапати се воздржаа, дозволувајќи му на Советот да донесе резолуции насочени кон зголемување на помошта за Газа и повикување на продолжена пауза во борбите.

Вашингтон го засили притисокот врз Израел да стори повеќе за да дозволи хуманитарна помош да влезе во Газа. ОН предупредуваат дека четвртина од 2,3 милиони луѓе во таа енклава се на работ на глад.

Соединетите Држави соопштија дека планираат да остават време за преговори за нивниот нацрт и нема да брзаат со гласање. За усвојување на резолуцијата потребни се најмалку девет гласа и да нема вето од членките на Советот за безбедност, САД, Франција, Велика Британија, Русија и Кина.

Би можело да ве интересира

Израел се согласи на примирје со Хезболах

А1он

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри