САД подготвиле нови санкции против Русија

Од:

САД веќе имаат подготвено нови санкции против Русија, но ќе донесат одлука за нивно воведување зависно од натамошниот развој на ситуацијата во Украина, изјави портпаролот на Белата куќа, Џеј Карни.

– Можам да кажам дека се подготвени дополнителни санкции и ќе бидат воведени во случај да има потреба за тоа, изјави Карни, одговарајќи на прашањето какви други мерки за вршење притисок врз Москва планира да употреби Вашингтон.

Портапролот на Стејт департментот, Џен Псаки вчера истакна дека одлука за нови американски санкции против Русија нема да биде донесена пред закажаната за утре четиристрана средба во Женева, која ќе има за цел да се најде решение за украинската криза.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува