САД ја запреа испораката на сурова нафта од Иран и запленија 980.000 барели

Од:

Соединетите Американски Држави денеска објавија дека запреле мултимилионска пратка на сурова нафта и заплениле повеќе од 980.000 барели шверцувана сурова нафта организирана од иранската Револуционерна гарда со што ги прекршува санкциите наметнати на Иран.

Американското Министерство за правда укажа дека се прекршени санкциите со кои се забранува продажба и транспорт на иранска нафта, пренесе Ројтерс.

Министерството потсетува дека компанијата Суец Рајан е прогласена за виновна за прекршување на санкциите кон Иран, што е прв случај на разрешница на нелегална продажба и транспорт на иранска нафта.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги врати сите санкции против Иран во 2018 година, кои беа укинати според нуклеарниот договор од 2015 година, кој бараше од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) да ја надгледува иранската нуклеарна програма за да го спречи Техеран да развие атомска бомба.

Санкциите го забрануваат извозот на иранска нафта и негативно влијаат на поморството и банките.

Би можело да ве интересира

Иран: Ако Израел не се смири, војната ќе се прошири во регионот

IHR: Иран го користи конфликтот во Газа како покритие за егзекуција на 127 лица

ВИДЕО: Иран претстави хиперсонична ракета, моќна да ја пробие израелската „Железна купола“

Доларот зајакна во однос на еврото, падна цената на нафтата

Доларот ослабе, цените на нафтата пораснаа

Зелената транзиција заглави: Над 400 градинки и училишта ќе користат дрва и нафта за греење

Орце Костов