Цените на нафтата пораснаа, неизвесната ситуација на Блискиот Исток ја зголемува загриженоста

Од:

На глобаните пазари цените на нафтата пораснаа минатата недела, по две недели пад, бидејќи трговците се загрижени за тензиите на Блискиот Исток, додека бавниот економски раст спречува посилен раст на цените на „црното злато“.

На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела порасна за 2,5 отсто, на 89,50 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,85 отсто, на 83,85 долари.

Цените се поддржани од загриженоста за снабдување, со оглед на континуираниот конфликт на Блискиот Исток.

Иако тензиите меѓу Иран и Израел стивнаа по неодамнешните ограничени воздушни напади меѓу нив, Израел ги засили воздушните напади врз градот Рафах во палестинскиот Појас Газа. Тој најави и дека планира генерален напад и покрај предупредувањата на сојузниците за можни бројни жртви, имајќи предвид дека 1,2 милиони Палестинци се засолниле во Рафа од израелските напади.

Од почетокот на годината цената на нафтата е зголемена за 15 отсто
Повисокото зголемување на цената на нафтата го спречува, од друга страна, бавниот раст на најголемите светски економии.

Минатата недела беше објавено дека во првиот квартал, американскиот бруто домашен производ (БДП) пораснал за 1,6 отсто на годишно ниво, што е далеку под очекувањата на аналитичарите и најбавно во последните две години. Од друга страна, инфлацијата во тој квартал достигна 3,4 отсто на годишно ниво, додека во претходниот квартал изнесуваше 1,8 отсто.

Поради ова, се појасно е дека американската централна банка уште некое време ќе одржува рестриктивна монетарна политика, што дополнително ќе го забави растот на најголемата светска економија.

Забавувањето на активноста уследи по знаците за забавување на побарувачката за гориво во САД, рефлектирано во силниот пораст на залихите на бензин од 5,6 милиони барели во претходната недела. Зголемени се и залихите на дестилати, за 5,1 милиони барели. „Извештајот точно не сигнализира здрава состојба на домашната побарувачка во САД“, рече Џон Еванс од PVM.

Главно поради геополитичките тензии на Блискиот Исток, од почетокот на годинава цената на нафтата на лондонскиот пазар е зголемена за повеќе од 15 отсто, а на американскиот пазар за околу 17 отсто.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Ова е еколошка катастрофа“: Се појави нафтена дамка во Јадранско Море

A1on

Најголем месечен пад на цената на нафтата годинава

Цените на нафтата паднаа за повеќе од 2 отсто минатата недела

Катерина Ѓуровски

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

Доларот зајакна, цената на нафтата падна

Цените на нафтата благо пораснаа