Американски војници ќе пристигнат во Естонија во октомври за учество во воени вежби што ќе траат три месеци.
Според естонскиот Генералштаб по првпат во естонски бази ќе биде префрлено американско тешко оружје.
– Тоа е дел од мерки кои ги преземаат САД, изјави портпаролот на ГШ, Роланд Муроф.
Тој појасни дека сојузниците ќе пристигнат во Естонија со тенкови М1 Абрахамс, борбени транспортери и со пешадиско оружје.
Според Пентагон, САД во октомври ќе префрлат во Полска и балтичките држави околу 600 војници кои ќе учествуваат во маневри со дел од вооружените сили на тие држави.