САД и Канада го засилуваат мониторингот на патниците од западна Африка

Од:

САД од следниот викенд ќе почнат да ги прегледуваат патниците кои на американските аеродроми пристигнуваат од западна Африка со висока телесна температура, соопштија американските власти.

При прегледот властите ќе користат неинвазивен апарат што ќе ја мери температурата на патниците и од нив ќе бараат да пополнат прашалник, составен од Центарот за контрола и превенција на болестите.

Тоа ќе се прави на меѓународните аеродорми „Џон Ф. Кенеди“ во Њујорк,  „Њуарк“ во Њу Џерси, „Далес“ во Вашингтон, како и „Хартсфилд-Џексон“ во Атланта, јави ДПА, повикувајќи се на портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест.

Пентагон информира дека со хеликоптери и други превозни сретства во Либерија испраќа 100 американски маринци, со чија помош ќе може да стигнат до различни места во земјата и да помогнат во борбата со еболата.

Портпаролот на Пентагон, Џон Кeрби, посочи дека маринциите се од специјалната единица во Шпанија и дека во оваа земја ќе останат се до пристигнувањето на војниците од 101-та воздухопловнодесантна дивизија.

Маринциите ќе пристигнат во Либерија со четири авиони „MВ-22 Оспри“ и два транспортни авиони „KЦ-130“.

САД во оваа западноафриканска земја планираат да испратат вкупно 4.000 војници, кои треба да помогнат во борбата со опасната болест.

Според податоците на Светската здравствена организација, на 5 октомври бројот на починати од ебола достигна 3.879, а на заболени 8.033 лица.

Патниците, кои пристигнуваат со авиони од западна Африка во Канада, исто така, ќе минуваат преку таков преглед со цел да се спречи ширењето на вирусот, соопшти канадскиот министер за здравство Рона Амброуз.

Велика Британија испраќа дополнителни војници, авиони и воен брод во Сиера Леоне, кои треба да помогнат во борбата против еболата, соопшти британскиот министер за одбрана, Мајкл Фалон, по заседанието на владиниот комитет за итна реакција „Кобра“.

Според ТАСС,  во оваа земја ќе бидат испратени над 750 војници. Обединетото Кралство најави и дека ќе ги засили мерките за безбедност во пристаништата заради еболата, а ќе биде зајакнат и мониторингот на пловните објекти.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас