Во САД ги фрлиле на отпад респираторите што им ги донира Русија

Од:

Агенцијата за вонредни состојби на САД (ФЕМА) ги дала на рециклирање 45-те апарати за белодробна вентилација што пролетоска ги доби како донација од Русија, во екот на првиот бран на пандемијата на коронавирусот.

Од ФЕМА коментираат дека апаратите „всушност се фрлени на отпад“, пишуваат руски медиуми. Тоа било направено соодветно строгите нормативни барања за користење и ракување со опасни материи, утврдени од Агенцијата за општи служби на САД (ГСА) и Агенцијата за заштита на околната средина (ЕПА).

Од ФЕМА не потврдиле кога ги фрлиле апаратите „Авента-М“, што Русија ги набави во април како хуманитарна помош за САД. Тогаш, за време на телефонски разговор, договор за ова постигнаа претседателот на САД, Доналд Трамп, и неговиот руски колега, Владимир Путин. Прво беше јавено дека апаратите се руска донација, а потоа во руското МНР прецизираа дека половина од апаратите биле платени од Русија, а другата половина од САД.

Според американски медиуми, има повеќе причини зошто апаратите за белодробна вентилација не биле употребени од американската страна кога биле донесени во Њујорк.

Едната е дека тие работеле на напон од 220 волти и немало адаптери за безбедно вклучување во американската електрична мрежа од 110 волти. Втората причина е поради пожарите што пролетта се случија во болници во Москва и Санкт-Петербург каде се користеле респираторите „Авента-М“, за кои подоцна се дозна дека самите апарати, поради технички недостатоци, го предизвикале пожарите, во кои загинаа неколку луѓе.

Демократите во Конгресот биле незадоволни затоа што апаратите биле снабдени од руската компанија „Крет“, која се наоѓа под американски санкции уште од 2014 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Додик отпатува за Русија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија