САД да ја одложат одлуката за напад врз Сирија, порачаа шефовите на дипломатии од ЕУ

Од:

Шефовите на дипломатиите на земјите од Европската унија ги повикаа денеска САД да го одложат евентуалниот воен напад врз Сирија, се додека инспекторите на Обединетите нации не објават извештај за нападот со хемиско оружје кој наводно минатиот месец во Дамаск го извршил режимот на претседателот Башар ал Асад.

Американскиот државен секретар Џон Кери, изјави дека ова барање ќе им го пренесе на своие колеги во администрацијата на претседателот Барак Обама, а висок официјален претставник на Стејт департментот, кој присуствуваше на состанокот во Вилнус изјави дека Кери јасно нагласил оти САД се уште не донеле никаква одлука, која треба да се почека.

DzonKeriSAD

Во Вилнус денеска и утре се одржува самитот на министрите за надворешни работи од ЕУ, а Литванија е домаќин на тој настан како актуелен претседавач на Унијата.

Обама почна денеска со интензивно лобирање, со цел да ги убеди скептичните конгресмени, кои размуслуваат дали да ги поддржат евентуалните воздушни напади врз Сирија, да го сторат тоа.

САД тврдат дека режимот на Асад го извршил нападот со хемиско оружје на 21 август во предградие на Дамаск и наведуваат извештаи на разузнавачки служби, според кои тогаш е употребен отровен гас сарин. Вашингтон наведува дека во нападот се убиени 1.429 лица, од кои 426 биле деца.

asad

Британскиот Парламент гласаше против воената интервенција во Сирија, а францускиот претседател Франсоа Оланд, кој најпрво ја поддржуваше, вчера прв пат изјави дека ќе го почека извештајот на ОН, пред да се донесе одлука.

Кери денеска ќе отпатува во Париз, каде ќе разговара со претставници на арапските земји, а потоа во Лондон, каде ќе се состане со палестинскиот претседател Махмуд Абас и со шефот на британката дипломатија Вилијам Хејг. 

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски