Руското Обвинителство бара да го сослуша Навални во Германија

Од:

Руското државно обвинителство сака да го сослуша Алексеј Навални во Германија, каде што е во болница, со цел да ги открие деталите за неговото патување во Новосибирск и Томск, при кое беше отруен.

Обвинителството, заедно со сообраќајната полиција, испратиле соодветно барање до германското Министерство за правда, пренесува РТ.

Истражителите имаат намера да ја проверат верзијата дека Навални е отруен, како што покажаа анализите на германските власти.

Истражителите во Обвинителството се заинтересирани кој го испланирал службеното патување на Навални и кој го придружувал од моментот кога полетал од Москва, па сè додека не бил хоспитализиран во Омск.

Руското обвинителство е заинтересирано и зошто опозиционерот ги сменил хотелските соби додека бил во Томск.

Покрај тоа, тие ги бараат од германските експерти и сите анализи и токсиколошки испитувања.

Предвидено е Навални да биде испрашуван во Германија, а Министерството за правда на земјата го доби документот и во моментов го проучува.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов