Руски пратеници бараат репарации во износ од три трилиони евра од Германија

Од:

Во Државната дума на Русија е формирана работна група од пратеници која има за цел да бара од Германија да и исплати репарации на Русија поради штетите, нанесени врз СССР во годините на Големата татковинска војна, јави ТАСС.

Групата планира да бара репарации од три-четири милиони евра, пишува весникот „Известија“. Според претставник на групата, Михаил Дегтјаров, член на Вишиот совет на Либерално-демократската партија, Германија фактички не им платила на СССР никакви репарации за разурнувањата и ѕверствата за време на Големата татковинска војна.

– Според договорот од Јалта, СССР земал некои германски активи од советскиот сектор, како индустриска опрема, мебел и облека. Потоа со Германија е склучен договор за прекин на земањето репарации, но со Федералната република Германија и со веќе обединетата Германија такви договори нема, истакна Дегтјаров.

Според него, тоа значи дека прашањето за репарации е отворено и актуелно, уште повеќе дека Германија продолжува да нанесува штети на Русија преку незаконските санкции на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани