Руски новинари и камерман уапсени во Минск

Од:

Двајца новинари и камерман на руската телевизија Дожд денеска се уапсени во Минск, каде се одржуваат изборите за претседател на Белорусија, објави телевизијата.

Уапсени се новинарите Владимир Роменски и Василиј Полонски, како и камерманот Николај Антипов, јави агенцијата ТАСС.

„Луѓе во цивилна облека со маски на лицето ги принудиле да легнат на земја, а потоа ги однеле во непознат правец“, се наведува во соопштението.

Според претставници на штабот на нерегистрираниот кандидат Виктор Бабарика, сојузник на кандидатката Светлана Тихановскаја, новинарите биле уапсени откако разговарале со неа на улица.

Телевизијата Дожд посочува дека уште во јуни испратила акредитации за своите новинари и дека тие работеле во Минск, чекајќи потврда од белоруските власти.

Би можело да ве интересира

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов