Русите тврдат дека во сириската провинција Идлиб милитантите подготвуваат хемиски напад

Од:

Руски претставници во Сирија тврдат дека милитантната група Хајат Тахрир ал-Шам планира да изврши хемиски напад во провинцијата Идлиб.

Заменик шефот на Рускиот центар за помирување на спротивставените страни во Сирија, Вадим Кулита, тврди дека оваа милитантна група планира да го изведе нападот и потоа за него да ги обвини провладините сили.

Кулит додава дека Центарот добил информација дека нападот ќе биде извршен на југот на провинцијата, пренесе Тасс.

-Според наши извори, терористите заедно со членовите на псевдохуманитарната организација „Бели шлемови “ во областа околу градот Арич, во Идлиб, доставиле четири канистри со отровна материја, за која веруваме дека е хлорин, рече Кулит .

Тој ги повика командантите на илегалните вооружени групи да се воздржат од провокации и да се приклучат на процесот за барање мирно решение во областите под нивна контрола.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град