Русите испратија уште еден „Илјушин 76“ во Нагорно Карабах за зачувување на мирот

Од:

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека и шестиот воен авион „Иљушин 76“ со руски мировници замина за Нагорно Карабах.

„Воен авион со руски мировници полета од аеродромот во Улјановск. Авионот превезува персонал и мировници, разни материјали и возила”, се наведува во соопштението на Министерството, пренесено од Тасс.

Руското Министерство за одбрана претходно соопшти дека во Нагорно Карабах ќе бидат испратени 1.960 мировници, 90 оклопни возила и 380 возила за различни намени.

Мировниот контингент во Нагорно Карабах ќе биде формиран од единиците на 15-тата моторизирана артилериска бригада.

За да го спроведат договорениот мир руските мировници ќе постават линија на разграничување меѓу Ерменците и Азербејџанците во Нагорно Карабах, а нивниот команден центар ќе биде во Степанакерт, главниот град на територијата.

Ерменскиот премиер, Никол Пашинијан, азербејџанскиот претседател, Илхам Алиев, и рускиот претседател, Владимир Путин, вчера потпишаа договор за завршување на војната во Нагорно Карабах.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов