Русија утре ја прекинува испораката на гас за Финска

Од:

Снабдувањето на руски гас за соседна Финска ќе престане в сабота наутро, објави финската државна веледрогерија на гас „Гасум“.

„Гаспром експорт денеска го информираше Гасум дека испораките на природен гас за Финска според договорот за снабдување на Гасум ќе бидат прекинати в сабота, 21 мај, во 4 часот по средноевропско време“, се вели во соопштението на Гасум.

Компанијата соопшти дека ќе продолжи да ги снабдува финските клиенти со гас од други извори преку гасоводот „Балтик конектор“.

– Внимателно се подготвивме за оваа ситуација и под услов да нема прекини во мрежата за пренос на гас, ќе можеме да ги снабдуваме сите наши корисници со гас во наредните месеци, изјави извршниот директор на „Гасум“, Мика Виљанен.

Би можело да ве интересира

Дугин: Колективниот запад се дели на два дела!

А1он

Хегсет: Америка ги суспендира операциите против Русија

Медведев: Русофобичен митинг против Трамп се одржа во Лондон

Трудо: Путин е лажго и криминалец на кој не може да му се верува

Катерина Ѓуровски

Фон дер Лајен: Европа мора итно да се вооружи, мора да се подготвиме за најлошото

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Светот на на историски крстопат, Европа мора да го понесе товарот, вели британскиот премиер