Русија: Украинците ја нападнаа нашата територија, држат заложници, одекнуваат експлозии

Од:

Се појавија информации дека украинска разузнавачка група влегла во регионот Брјанск, веднаш над северната граница со Русија, како дел од, како што се чини, ненадеен напад.

Руската новинска агенција ТАСС јавува дека агенциите за спроведување на законот известуваат за судири со украински саботери и дека има мртви и ранети меѓу жителите на областа.

Руските медиуми јавуваат дека украинска група од околу 50 членови ги заробила жителите во селото Сушани, со експлозии и пукотници.

Агенцијата РИА наведува дека заложниците се држат и во селото Љубечан. Во Сушани се кренати во воздух трафостаницата и бензинската пумпа.

„Шест жители на регионот Брјанск би можеле да бидат заложници на украинските саботери кои се инфилтрирале во две локални села од Черниговската област на Украина. Две села Љубечан и Сушани, кои се наоѓаат во областа Климовски, беа нападнати од диверзанти. Во моментов, до шест цивили се држат како заложници. Одбранбените кругови не го прецизираа бројот на украинските диверзанти кои навлегле во регионот на Брјанск, но велат дека има неколку десетици вооружени милитанти. Во тек е престрелка“, пренесе ТАСС.

Гувернерот на областа Брјанск, Александар Богомаз изјави дека украински диверзанти отвориле оган врз автомобил во движење во областа Климовски, при што убиле локален жител и раниле едно дете. „Округот Климовски беше нападнат од украинско беспилотно летало, а селото Ломаковка во општина Стародубски беше изложено на минофрлачки гранатирање од страна на украинската армија“, рече гувернерот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија почна вежби со тактичко нуклеарно оружје

ВИДЕО: Војната во Украина е во брутална фаза

Катерина Ѓуровски

Русите зазедоа уште едно село во Луганската област

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски