Русија и Турција даваат уште време за договорот околу Идлиб

Од:

Русија и Турција планираат да дадат повеќе време за спроведување на договорот за деескалација во сириската провинција Идлиб, што е „големо олеснување“ за три милиони цивили во регионот, изјави Јан Егеланд, советник за хуманитарни цели на ОН.

Се уште има „милион прашања без одговор“ за тоа како договорот ќе дејствува и што ќе се случи ако групите, кои се сметаат за терористички, одбијат да го предадат оружјето.

По редовниот хуманитарен состанок за Сирија во Женева, Егеланд рече дека Русија потврдила дека Дамаск го укинал законот кој предизвикува „голема загриженост“, што овозможува одземање на земјиште и имот од страна на бегалци.

ОН предупреди дека битката за заземање на Идлиб од страна на силите на режимот во Дамаск може да се претвори во најстрашната епизода од седумгодишната војна.

Договорот меѓу Турција и Русија е за создавање тампон зона долга 15-20 километри во бунтовничката територија која првично требаше да биде ослободена од тешко оружје и џихадисти до понеделник.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија